Јирген Клоп е свесен дека голманската позиција останува најболна точка во тимот на Ливерпул, па токму доведувањето на врвен чувар на мрежата ќе биде приоритет на „црвените“ во летниот преоден рок. Како што јавува британскиот весник „Мирор“, Германецот веќе го избрал и новиот голман на Ливерпул – Џек Батланд од Стоук кој веднаш по завршувањето на сезонава ќе се пресели на „Енфилд роуд“.
Досега „црвените“ во неколку наврати беа поврзувани со Алисон Бекер од Рома, но Клоп нема намера да плати на 70 милиони фунти, колку што „волчицата“ бара за Бразилецот. Стратегот на Ливерпул разгледувал неколку опции, а на крајот изборот паднал врз Батланд, кој и сезонава брани одлично на голот на Стоук. Големи се шансите тој да биде прв голман на Англија на претстојниот мундијал, па токму затоа Ливерпул ќе настојува целиот трансфер да го заврши до крајот на мај.
Според „Мирор“, понуда од 40 милиони фунти е веќе подготвена, со што Батланд би станал најскап голман во Премиер-лигата, уривајќи го досегашниот рекорд на Едерсон при трансферот од Бенфика во Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА