Алисон Бекер заработи повреда во второто полувреме од синоќешниот дуел со Кристал Палас, а првичните информации од таборот на Ливерпул воопшто не се оптимистички.
Позитивно е што станува збор за повреда на мускулот на ногата, а не на коленото, но тренерот Арне Слот делуваше загрижено по дуелот на „Селхарст Парк“.
„Повредата на Алисон не изгледаше нималку добро. Ќе ги почекаме прегледите, но според она што го видов тој нема да може да се врати до ноемвриската репрезентативна пауза“, изјави Арне Слот, додавајќи дека поради повреда на полувремето морал од игра да го повлече и Аргентинецот Мекалистер.
Ливерпул има импресивни девет победи на првите десет средби под водство на Слот, но вистинските предизвици претстојат веднаш по репрезентативната пауза, кога „црвените“ ќе го пречекаат Челси, ќе му гостуваат на Лајпциг во ЛШ, по што ќе следи и гостување против Арсенал во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА