Европскиот првак Ливерпул ќе излезе како победник во трката за ангажман на Николас Пепе, крилниот напаѓач на Лил, кој во моментот е еден од најпосакуваните фудбалери на европскиот трансфер – маркет. За него Јирген Клоп е подготвен да плати 80 милиони фунти и да го засили навалниот ред, каде „царуваат“ Мохамед Салах, Садио Мане и Роберто Фирмино.
За Пепе се интересираат и Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен и Манчестер Сити, но Ливерпул засега ја има најдобрата понуда.
Покрај крилниот напаѓач од Лил, Јирген Клоп сака да доведе и нов лев бек. Фокусот на „црвените“ е насочен кон Жуниор Фирпо, фудбалерот на шпанскиот прволигаш Бетис чија вредност изнесува 45 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА