Ливерпул не успеа во намерата да го ангажира капитенот на Кристал Палас, Марк Гехи, за кого беше договорен трансфер од вкупно 40 милиони фунти (35 плус пет преку клаузули), но се падна во вода откако Палас не успеа да договори замена за Гехи, по што ја блокираше продажбата на англискиот репрезентативец.
Самиот фудбалер е бесен и не го крие разочарувањето од лажните ветувања дадени од управата, децидно порачувајќи дека нема намера да потпише нов договор, а актуелниот му истекува следното лето. Од целата ситуациј ќе профитира токму Ливерпул, кој според последните информации ќе заштеди околу 15 милиони фунти и веќе во јануари ќе го комплетира трансфер на овој одличен одбранбен фудбалер.
Имено, челниците на Палас се решени да го продадат за тој да не си замине без никаква отштета по истекот на договорот, а информациите од „островот“ говорат дека цената ќе падне на 25 милиони фунти. Ливерпул може да чека и да договори слободен трансфер од јули, но „црвените“ стравуваат дека во тој долг период ќе може во трката да се вклучат и Реал Мадрид и Барселона, кои се насочени кон пазарот на слободни фудбалери.
Поради ова, Ливерпул е подготвен да ја плати сумата од 25 милиони фунти, дури и пред крајот на оваа календарска година, се со цел што поскоро да го осигура овој важен потпис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

