Ливерпул конечно победи во Премиерлигата (ВИДЕО)

По серијата од четири порази во низа фудбалерите на Ливерпул конечно славеа во домашниот шампионат откако вечерва беа подобри од Астон Вила со 2-0 во последниот меч од денешната програма од 10. коло во Премиерлигата.

Водство за „црвените“ од 1-0 донесе Мохамед Салах во првата минута од судиското надополнување во првиот дел. Конечните 2-0 ги постави повратникот во тимот, Рајан Гравербех во 58. минута.

Liverpool [2] – 0 Aston Villa – Ryan Gravenberch 58'
byu/West_Agent4651 insoccer

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...