Походот на Ливерпул за конечен крај на 30-годишната агонија без премиерлигашка титула е пред одредувачки момент, денеска во дербито против актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити.
Ако тимот на Јирген Клоп го победи составот на Пеп Гвардиола ќе има девет бода предност пред актуелниот првак на врвот на табелата, а ќе биде на осум бода пред Лестер и пред Челси. Тоа ќе значи дека Ливерпул кој има пораз на само еден во изминатите 50 лигашки натпревари, ќе треба да загуби три средби во преостанатите 26 од сезоната за да му дозволи на Сити да го преземе врвот.
Сепак, мора да се потсети дека Ливерпул во минатата сезона имаше и 10 бода предност пред Сити по 20 одиграни натпревари, со тоа што клубот од Манчестер имаше некоја средба помалку. Во овој момент се чини сепак дека Ливерпул е во моментум на незапирливост. Три бода во денешната пресметка која многумина ја дефинираат како дуел на досегашниот дел од сезоната, ќе им значи огромна сила на фудбалерите на Ливерпул кои се во генерацијата која може конечно да го врати трофејот во витрините за кои премиерлигашките трофеи беа вообичаена работа.
Логиката вели, а со оглед на формата на Ливерпул во изминатите 18 месеци дека со евентуална победа и зголемен бодовна предност, тимот на Клоп потоа нема да дозволи ниту на Сити, ниту пак некому друг да се „врати во игра“.
Сепак и Манчестер Сити се прашува многу и покрај тоа што во дуелот ќе влезе со серија повреди на значајни играчи, а пред со забележителното отсуство на голманот Едерсон чие место ќе го заземе 36-годишниот Клаудио Браво кој нема премиерлигашки настап цели 18 месеци.
И покрај глорификацијата на Ливерпул и на Клоп, никако не смее да се заборави огромниот раст што Сити го направи под водство на Гвардиола. Манчестер Сити направи историја освојувајќи ја титулата во сезоната 2017/18 со 100 бода, а потоа трофејот го одбрани и во минатата сезона откако одржа победничка серија од 14 последовни натпревари за да ја задржи минималната предност од еден бод пред Ливерпул.
Раните од драматичната загуба на титулата во Премиер-лигата, Ливерпул многу успешно ги залечи со трофејот во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА