Реал Мадрид ќе го понуди Марко Асенсио како дел од обидот да го доведе Садио Мане на „Сантијаго Бернабеу“. Зинедин Зидан кој летово се обидува да го обнови тимот на Реал, сака да го доведе Сенегалецот кој со 22 гола ја освои „златната копачка“ минатата сезона.
Ливерпул пак ќе направи се за да го задржи во своите редови и за него би барал огромна сума за обештетување. Затоа Реал во пакетот ќе го понуди Асенсио кој долго време е интерес на англискиот клуб.
Шпанскиот интернационалец кој е проценет на 85 милиони е трансфер цел и на Тотенхем. Реал е расположен да го продаде во летниот трансфер период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА