Раководството на Ливерпул започна преговори со играчот Конор Бредли за нов договор. Според информациите од англиските медиуми, договорот ќе биде на пет години, а платата на интернационалецот од Северна Ирска ќе биде зголемена за цели 650%.
Во моментов 21-годишниот Бредли заработува по 10.000 фунти неделно, а според новата плата ќе биде платен по 75.000.
Бредли се проби во првиот тим на „црвените“ лани под водство на Јирген Клоп, и десниот бек досега запиша 22 настапи во сите натпреварувања.
Бредли треба да биде заменик за Тренд Александер-Арнолд кој е пред трансфер во Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

