Англискиот премиерлигаш Ливерпул сака да го задржи во своите редови играчот за врска Емре Џан. Германскиот интернационалец би можел да си замине како слободен агент од „Енфилд роуд“ на крајот од сезоната, но раководството на клубот се обидува да го убеди за продолжување на соработката. Италијанските медиуми најавија дека тој би можел да се пресели во Јувентус, но засега нема никаков договор.
„Ситуацијата е отворена. Ништо не е одлучено, разговараме со него, и засега се оди добро, освен тоа што се уште нема потпис на нов договор“, објасни менаџерот Јирген Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА