Ливерпил стави крај на серијата од четири натпревари едно по друго без победа во Премиерлигата со стил откако во 31. коло го демолираше Лидс со 1-6.
„Црвените“ голеадата на „Еланд Роуд“ ја започнаа во 35. минута преку Гакпо, а четири минути подоцна реализираше и Салах за 2-0 на полувремето. Откако Синистера намали на 1-2 во 47. минута, Диого Жота донесе нова предност од два гола за својот тим стрелајќи во 52. минута.
Во 64. минута мрежата одново ја затресе Салах за 1-4, а десет минути подоцна Жота го постигна својот втор гол за 1-5. Конечниот резултат го постиви Нуњез во 90. минута.
A ruthless Reds display 😍#LEELIV pic.twitter.com/klmfKpksPt
— Liverpool FC (@LFC) April 17, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

