По претходната лоша низа од три натпревари, Ливерпул ја запиша и втората едноподруго победа во Премиер лигата славајќи со убедливи 1-4 на гостувањето против Вест Хем во Лондон.
„Црвените“ триумфот го најавија уште во првото полувреме со головите на Салах во 21. минута и Матип во 24. минута.
Во второто полувреме, Вест Хем само за малку се врати во игра со голот на Ланцини во 55. минута, но веќе во следниот напад Ливерпул преку Окслајд-Чемберлен дојде до 1-3. Конечните 1-4 ги постави Салах со својот втор гол во 75. минута.
По оваа победа, Ливерпул со 19 бода се искачи на делба на четвртата позиција, додека Вест Хем остана на 9 бода, во зоната за напуштање на лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА