Ливерпул на лето го чека „невозможна мисија“

Ливерпил се подготвува за нова ера со заминувања на дел од клучните фудбалери кои ја одбележаа последната деценија во тимот. Новиот тренер Арни Слот веќе ги „пикираше“ и нивните замени, а виоско на листата на желби се наоѓа Хулијан Алварез.

Аргентинскиот ас кој има добро искуство во Англија со настапите за Манчестер Сити оваа сезона е дел од Атлетико Мадрид каде игра фантастично па Ливерпул е подготвен да плати и над 100 милиони евра за да го осигура неговиот потпис.

Тоа би значело заработка за Атлетико Мадрид кој издвои 75 милиони евра при неговиот ангажман од Манчестер Сити, но со оглед на фантастичната форма и договорот со важност до 2030 година се поставува прашањето дали воопшто „јорганчиите“ ќе дозволат негово заминување.

Проблем за Ливерпул претставува и желбата на самиот фудбалер за игра во „потопли“ услови со оглед на тоа што климата во Англија беше една од причините за заминување од Манчестер Сити.

Се вчитува...