Ливерпул не го дава така лесно врвот во Премиерлигата триумфирајќи со 0-2 на гостувањето против Вулверхемптон во првиот меч од 18. коло.
„Црвените“ до предност дојдоа уште во 18. минута со погодокот на Мохамед Салах…
За Салах ова беше 11-ти гол сезонава, па на тој начин стигна на чело на листата на најдобрите стрелци оставајќи го Обамејанг со десет гола на второто место.
Се чини дека Салах, сепак, не е „чудо за само една сезона“ како многумина го нарекоа по минатогодишната сензационална сезона. И оваа повторно е во трка за најдобар стрелец.
Вториот гол за Ливерпул, за триумф од 0-2 беше дело на Ван Дијк во 68. минута…
Со најновите три бода Ливерпул е сега со 48 бода на врвот од табелата, со четири бода повеќе од второпласираниот Манчестер сити кој утре игра против Кристал Палас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА