Ливерпул не може да каже „НЕ“: Доби понуда за Дијаз од 85 милиони евра

Луис Дијаз би можел да замине од Ливерпул во следниот трансфер преоден рок, откако добу понуда која тешко се одбива. Ал Наср нуди 85 милиони евра за крилниот напаѓач, и сега Колумбиецот е пред дилема.

Директорите на Ал Наср веќе ја подготвиле понудата, и во следните денови ќе ја испратат до Ливерпул, но нема гаранции дека тоа ќе се случи, затоа што Ливерпул сака да го задржи. Меѓутоа од друга страна „црвените“ ваква понуда тешко дека ќе добијат.

Дијаз е исто така цел на Барселона, но понудата од Ал Наср нема да биде надмината со сигурност. Дијаз во минатата сезона одигра 36 меча, постигна 13 гола и запиша 5 асистенции.

Се вчитува...