Откако и официјално го потврдија трансферот на Луис Дијаз, Ливерпул работи и на реализација на уште еден трансфер до крајот на преодниот рок.
„Црвените“ се во напредни преговори со Фулам за трансфер на Фабио Карваљо, пренесуваат медиумите на Островот.
Ливерпул испратил понуда од 5 милиони фунти за 19-годишниот талент. Причина за ниската сума е фактот што договорот на Карваљо истекува на крајот на сезоната.
Интересот за него е голем од многу клубови ширум Европа, па Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата. Карваљо игра на позиција офанзивен играч за врска и е млад англиски репрезентативец, иако е роден во Лисабон.
🚨 Liverpool have made a £5m bid to sign Fabio Carvalho and the offer allows him to stay at Fulham on loan for the remainder of the season.
(Source: @_pauljoyce) pic.twitter.com/vF9SPk7uKA
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 30, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА