Ливерпул не се откажува од Александер-Арнолд

Англискиот репрезентативец од редовите на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд ќе биде во фокусот на вниманието како што одминува сезоната поради фактот дека неговиот договор истекува на крајот на сезоната по што тој ќе биде слободен да ја бира новата средина.

Александер-Арнолд целата професионална кариера ја помина на „Енфилд“, но би можел да замине од клубот ова лето и да го облече дресот на Реал Мадрид кој покажа голем интерес за неговите услуги веќе започнувајќи и разговор за потенцијален трансфер.

Од својот фудбалер нема да се откаже ниту Ливерпул кој во следниот период ќе му понуди нов договор, но одлуката за каде ќе ја продолжи сезоната ќе биде само негова.

Се вчитува...