Европскиот првак Ливерпул ита кон шампионска титула во Премиер – лигата. „Црвените“ славеа на гости против Тотенхем со 0-1, а стрелец на победничкиот погодок беше Роберто Фирмино во 37.минута од мечот. Тој одлично се снајде во шеснаесетникот по додавањето од Салах и успеа да ја затресе мрежата на Тотенхем.
Составот на Жозе Мурињо без повредениот Хари Кејн не успеа да возврати до самиот крај. Тоа е втор последовен пораз за Тотенхем кој со 30 бода се наоѓа на осмата позиција на табелата.
World Class touch, World Class footballer. Roberto Firmino #TOTLIV #THFC
— Irvin_ (@LfcOkx) January 11, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

