ПСЖ во извонредна форма ќе го дочека првиот осминафинален дуел од Лигата на Шампионите против Ливерпул откако „светците“ вечерва лесно и убедливо го декласираа Лил со 4-1.
Иако Лил не е тим за потценување во француската фудбалска елита (моментно е петтопласиран на табелата), тимот на Луис Енрике одигра неверојатно прво полувреме во кое создаде седум-осум стопроцентни шанси, при што четири пати го матираше гостинскиот голман Шевалие.
Младиот Баркола го отвори резултатот во 6. минута, а во 22. минута резултатот веќе гласеше 2-0 по погодокот на капитенот Маркињос. ПСЖ не застана, продолжи да доминира и да креира шанси, до крајот на полувремето постигнувајќи уште два гола, преку Дембеле и Дуе.
Триумфот беше осигуран, па „светците“ можеа да си дозволат да сочуваат дел од силите за дуелот со Ливерпул, а Лил го искористи тоа за да постигне утешен погодок преку Дејвид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

