Ливерпул ниже победи, Арсенал не може ниту со Саутемптон… (ВИДЕО)

Ливерпул ја одржува предноста на врвот од Премиерлигата пред Лестер благодарение на победата од 1-2 на гостувањето против Кристал Палас во 13. коло. Фирмино со гол во 85. минута донесе победа за „црвените“ носејќи три бода во финишот од мечот.

Претходно Ливерпул поведе со голот на Мане во 49. минута, но домашните израмнија преку Заха во 82. минута. Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Фирмино го донесе посакуваниот триумф.

Продолжува, пак, очајот на Арсенал кој и петти едноподруго натпревар не знае за победа. „Топчиите“ ремизираа (2-2) пред своите навивачи со Саутемптон само благодарение на голот на Лаказет во 96. минута. Претходно, Саутемптон во два наврати имаше водство со головите на Ингс во 8. минута и 71. минута. Лаказет беше стрелец и на првиот гол за Арсенал во 18. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 13. КОЛО

Арсенал – Саутемптон 1-2

Бурнмаут – Вулверхемптон 1-2

Брајтон – Лестер 0-2

Кристал Палас – Ливерпул 1-2

Евертон – Норвич 0-2

Ватфорд – Барнли 0-3

Манчестер сити – Челси (18:30 ч.)

 

Се вчитува...