Ливерпул објави: Елиот опериран, пак ќе игра фудбал сезонава

Харви Елиот денеска беше опериран по страшната повреда што младиот ас на Ливерпул ја заработи на неделното гостување против Лидс Јунајтед.

Елиот имаше изместување на скочниот зглоб и веднаш беше пренесен во болницата во Лидс, каде по укажаната прва помош беше пуштен на домашно лекување. Ливерпул експресно му организираше хируршки зафат од специјалист, а според последните информации од „Енфилд“, операцијата завршила успешно.

„Можеме да потврдиме дека Харви Елиот беше успешно опериран по повредата заработена во второто полувреме од мечот со Лидс. Со операцијата беше поправена штетата што настана со фрактурата. Нема да вршиме притисок со објава за колку време го очекуваме Елиот назад, но прогнозите велат дека тој ќе може повторно да игра фудбал пред крајот на оваа сезона“, објави Ливерпул преку клупско соопштение.

Се вчитува...