Египќанецот Мохамед Салах е фудбалерот кој оваа сезона ја одушевува планетата со своите фантастични настапи во дресот на Ливерпул. Благодарение на неговите неверојатни игри англискиот тим е на прагот на пласман во финалето на Лигата на шампионите, а за Салах постои интерес од најголемите европски клубови. Реал Мадрид се чини дека е најзаинтересиран за негов ангажман и веќе се обидел да го оствари првичниот контакт со раководството на Ливерпул.
Понудата е неверојатна, 200 милиони фунти (околу 240 милиони евра), односно нов светски рекорд, кој ќе го урне дури и ланскиот трансфер на Нејмар од Барселона во ПСЖ. Сепак, Ливерпул „од прва“ го одбил барањето на Реал Мадрид за отпочнување на преговори за својот најдобар фудбалер.
Дали „црвените“ се решени по секоја цена да го задржат Египќанецот во своите редови, или пак не сакаат да преговараат со можниот ривал во финалето на Лигата на шампионите, останува да покаже времето…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА