Ливерпул остана без важен првотимец за дербито со Манчестер Јунајтед

Ливерпул ќе биде значително ослабен за неделното дерби со Манчестер Јунајтед откако беше обелоденето дека Алексис Мекалистер нема да може да настапи за лидерот на премиерлигашката табела.

Тој се повреди минатата седмица на гостувањето против Шефилд Јунајтед, во меѓувреме не влезе во тренажен процес со остатокот од екипата, па Јирген Клоп денеска обелодени дека Мекалистер нема да може да настапи в недела против Јунајтед.

„Не сум доктор за да објаснам во што точно е проблемот, но Мекалистер не е подготвен за настап. Дефинитивно е покомпликувано отколку што мислевме во прв момент, противнички играч му стапна на коленото и му го повреди и мускулот. Не сум видел ваква повреда досега во кариерата, се надевам дека нема да отсуствува долго, но сигурно нема да може да настапи против Јунајтед“, изјави Клоп.

Во комбинација за настап нема да бидат ниту Тијаго Алкантара и Робинсон, додека на спротивната страна поради повреда Јунајтед во тимот ќе ги нема Мегваер и Лук Шо, кои се повредија на синоќешниот натпревар со Баерн Минхен.

Се вчитува...