Ливерпул останува и без првиот голман на крајот од сезоната

Ливерпул не се снаоѓа добро оваа сезона, и очигледно е дека ќе има многу промени на крајот од сезоната. Имено, Слот е многу блиску до отказ, а новиот тренер на Ливерпул ќе мора да се потпре нов голман следната сезона.

Според италијанскиот „Газета дело Спорт“, Лучијано Спалети ќе го добие својот прв подарок во форма на голман. Имено, Микеле Ди Грегорио ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната, а на негово место во клубот треба да се приклучи Алисон Бекер.

Контактите меѓу претставниците на Јувентус и Алисон Бекер веќе се воспоставени и тие беа многу позитивни. Наводно бразилскиот чувар на мрежата му кажал „да“ на тимот од Торино, и во редовите на италијанскиот тим постои голем оптимизам дека може да го ангажираат идното лето.

Тоа би бил многу важен потег за Јувентус, бидејќи конечно би го решил прашањето за врвен голман.

Претходно беше објавено дека од Ливерпул заминува и Мохамед Салах, кому му истекува договорот, и истиот нема да биде продолжен.

Се вчитува...