Веќе е извесно дека сегашниот тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо идната сезона ќе го води тимот на Ливерпул, каде што беше и како играч. Шпанецот го сврте вниманието кон себе со одличните настапи сезонава, а сега е блиску на екипата да и ја донесе првата историска шампионска титула во Бундеслигата.
Меѓутоа Ливерпул не е заинтересиран само за Алонсо, туку и за двајца играчи на „фармацевтите“. Според информациите на „Мирор“, англискиот тим испратил скаути на „Бај Арена“ да го следат дербито со Баерн Минхен, кое го доби Леверкузен со убедливи 3-0.
Наводно во Ливерпул заедно со Алонсо би можеле да се преселат играчот од средниот ред Флоријан Вирц, како и дефанзивецот Пјер Хинкапие.
Ливерпул беше заинтересиран за Хинкапие уште минатото лето, но тогаш се реши да остане во Баер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА