Ливерпул пак без Вирц: Најискрено, не знам кога ќе се врати…

Ливерпул утре на „Енфилд“ ќе го пречека тимот на Вест Хем, дуел за кој Арне Слот повторно нема да може да смета на услугите на Флоријан Вирц.

Германскиот офанзивец поради болка во грбот го пропушти последниот меч со Нотингем Форест, првите прогнози беа дека проблемот не е премногу сериозен, но Вирц воопшто не тренираше изминатата седмица, по што стана јасно дека нема да може да настапи викендов.

„Искрено, не знам кога повторно ќе го имам Вирц на располагање. Повредата е незгодна и во моментов не постои точна временска рамка. Кога кажувам вакви работи често ги знам прогнозите, но сакам да премолчам за да не ги отворам картите, но овојпат навистина не знам кога Вирц пак ќе заигра“, изјави Арне Слот на денешната прес-конференција.

Добра вест за „црвените“ е што Џереми Фримпонг ги надмина проблемите од својата повреда и ќе настапи на утрешниот дуел.

Се вчитува...