Јирген Клоп има за што да им биде лут на англиските судии оваа сезона, а трендот на катастрофални одлуки против Ливерпул продолжи и на денешното гостување против екипата на Борнмут.
Џастин Клајверт беше во дуел со Мекалистер, а потоа во обид да стигне до топката домашниот фудбалер стартуваше брутално, со отворен ѓон на зглобот на Луис Дијаз. Фудбалерот на Ливерпул остана да лежи во агонија, главниот судија воопшто и не досуди прекршок, но уште пошокантна е одлуката на ВАР-арбитрите, кои иако можеа да ја погледнат ситуацијата од различни агли, на крајот решија да не го повикаат Медли повторно да го погледне тартот на Клајверт за кој Холанѓанецот требаше да заработи директен црвен картон.
Спорниот инцидент можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Јирген Клоп дефинитивно ќе има тема за разговор и по овој натпревар…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА