Фудбалерите на актуелниот шампион на Англија, Ливерпул со победа на домашен терен над Бормут со 4-2 ја стартуваа одбраната на титулата во Премиерлигата.
Водство од 1-0 за домашниот тим донесе новата аквизиција во тимот Екитике во 37. минута. На 2-0 зголеми Коди Гакпо во 49. минута. Гостите преку феноменалниот Семењо со неговите голови во 64. и 76. минута израмни на 2-2. Сепак, „црвените“ успеаја да стигнат до полн плен откако Федерико Киеза зголеми на 3-2 во 88. минута, додека конечните 4-2 беа дело на Мохамед Салах во 94. минута.
[deleted by user]
by insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

