Германскиот тренер Јирген Клоп, ги извести челниците а потоа и навивачите на Ливерпул дека на крајот на сезоната заминува од клубот. Германецот стигна на „Енфилд“ во 2015 година, и потоа успеа да ја освои титулата во Англија после 30 години, и прв трофеј во Лигата на шампионите после 14 години.
Иако е прашање кој ќе го наследи, се чини дека тоа ќе биде екс играчот на Ливерпул, и сегашен тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.
Одредени медиуми во Англија шпекулираат дека Алонсо веќе бил контактиран од страна на челниците на „црвените“. Алонсо има одлична серија со Баер Леверкузен, тимот и по 30 меча нема пораз во сите натпреварувања, и „гази“ кон титула во Бундеслигата, пехар во Купот на Германија, а исто така се наоѓа и во 1/8 финалето во Лигата на Европа.
Тој е идеален кандидат за наследник на Клоп. меѓутоа неговиот одговор наводно бил дека сега во моментов е фокусиран на работата во Баер Леверкузен, и дека во моментов не размислува за ништо друго, освен како да ја донесе првата историска титула на „фармацевтите“ во историјата, па потоа може да размислува за преземање на англискиот гигант.
Алонсо има договор со Леверкузен до 2026 година, и Ливерпул ќе треба да плаќа отштета ако сака да го има тренерот кој е „хит“ во оваа сезона во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА