Ливерпул стапил во контакт со менаџерот на Александар Исак, кој се почесто се споменува како потенцијално засилување на тимот од „Енфилд“.
Летото на „Енфилд“ би можело да биде исклучително динамично кога се во прашање трансферите. Новиот тренер Арне Слот веќе ги одбележа позициите кои клубот треба да ги засили, а нападот се наметнува како приоритет.
Особено што договорот на Мохамед Салах истекува на лето, додека се погласни се шпекулациите за заминување на Луис Дијаз и Дарвин Нуњез.
Меѓу имињата кои се поврзуваат со Ливерпул е и Александар Исак, а Фабрицио Романо открива дека „црвените“ веќе стапиле во контакт со агентите на шведскиот напаѓач. Сепак, до овој момент официјалната понуда се уште не е испратена, но се очекува да биде рекордна.
Исак се пресели во Њукасл во август 2022 година и оттогаш има постигнато 58 гола на 100 натпревари во дресот на „страчките“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА