Раководството на европскиот шампион Ливерпул подготвено е на менаџерот на тимот, Јирген Клоп да му понуди нов договор и покрај тоа што постоечкиот истекува на крајот на 2022. година.
Германскиот стратег според актуелниот договор заработува 8 милиони евра годишно, но сопствениците на тимот од „Енфилд“ планираат значително да ја зголемат неговата плата, како тој уште долго би останал во клубот. Се шпекулира дека новата годишна плата на Клоп ќе изнесува 11 милиони евра.
„Тој е неверојатен менаџер и сјаен човек. Кога ќе видите како фудбалерите го сакаат, сфаќате колку е тој сакан во Ливерпул“, изјави претседателот на Ливерпул, Том Вернер.
Со новиот договот тие сакаат да го продолжат долгорочниот проект, кој почна со доаѓањето на Клоп во 2015 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА