Ливерпул попушта: Киеза се поблиску до враќање во Јувентус

Екипата на Јувентус сериозно работи на „кам-бек“ на крилниот играч на Ливерпул, Федерико Киеза. Претходно беше објавено дека Јувентус сака позајмица до крајот на сезоната, но Ливерпул бара целосен откуп веднаш.

Сепак најновите информации кажуваат дека „црвените“ ќе се согласат на позајмица, со право на откуп доколку бидат исполнети одредени услови. Со тоа двете страни би ги постигнале гаранциите.

Ливерпул и натаму бараат трансфер веднаш, но би можеле да се согласат доколку се постигне договор за задолжителен откуп на крајот на сезоната.

Се вчитува...