Ливерпул после десет гола, славеше на пенали против Арсенал во Карабао купот

Ливерпул се пласира во четвртфиналето на Карабао купот откако во неверојатен натпревар го совлада Арсенал на пенали со 5-4, откако во регуларниот тек дуелот на „Енфилд роуд“ заврши 5-5. Двата тима играа без најголем дел од ѕвездите, но тоа воопшто не го направи поскромен овој дуел. Напротив, беа постигнати дури десет гола, и плус пенали, во кои единствен кој не реализираше беше Дани Себалјос.

Мустафи си постигна автогол за водство на Ливерпул, но потоа следеа три гола на Арсенал, на Тореира и два на младиот Мартинели. Намали Џејмс Милнер од пенал до крајот на првиот дел.

Матланд – Најлс и Вилок погодија за „топчиите“ во второто полувреме, а за Ливерпул стрелаа Окслејд – Чемберлен и двапати Дивок Ориги, кој израмни во 94.минута.

Манчестер Јунајтед на „Стемфорд бриџ“ го елиминираше Челси со 1-2. Маркус Рашфорд беше двоен стрелец за „црвените ѓаволи“, а Мичи Батшуаи погоди за Челси.

Астон Вила со 2-1 славеше против Вулверхемптон и се пласира во следната фаза од ова натпреварување.

Се вчитува...