Манчестер сити во доминантна игра дојде до повеќе од заслужена убедлива победа од 3-0 против Ливерпул во дербито на 11. коло во Премиерлигата.
Рутинска победа на „граѓаните“ кои ја продолжуваат кризата на Ливерпул во лигата, иако се чинеше дека е надмината по претходните две едноподруго победи од кои една во ЛШ против Реал Мадрид.
Но, од стартот на денешниот дуел беше сосема јасно кој ја посакува повеќе победата. Идеалниот меч на избраниците на Пеп Гвардиола почна со пенал над Доку во 12. минута, за кој интервенираше ВАР, но кој не го реализира Халанд.
Сепак, Норвежанецот се извади за промашениот пенал во 29. минута кога убаво погоди со глава.
— OvoOno (@OvoOnoX) November 9, 2025
Ливерпул успеа да постигне гол за 1-1 во 38. минута, но со една сомнителна одлука на ВАР беше поништен.
— OvoOno (@OvoOnoX) November 9, 2025
Па, третата минута од судиското продолжение на првиот дел Нико, успеа да донесе и 2-0 за Манчестер сити.
— OvoOno (@OvoOnoX) November 9, 2025
Во второто полувреме далеку поконкретна игра на „црвените“ во нападот, но неколку убави шанси не успеаја да реализираат Салах, Екитике и Гакпо.
Па, казната следеше на спротивната страна кога, денеска, феноменалниот Доку постигна спектакуларен гол за 3-0.
— OvoOno (@OvoOnoX) November 9, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

