Ливерпул прави моќен среден ред: По Мекалистер, на „мета“ три звучни имиња

Јирген Клоп со неговиот Ливерпул има намера да ја врати титулата на „Енфилд“, и за таа цел темпераментниот Германец прави моќен тим со силен среден ред. „Црвените“ по ангажманот на Алексис Мекалистер, сега сакаат да донесат уште тројца фудбалери во средината.

Ливерпул наводно стапил во преговори со Лајпциг за ангажман на офанзивниот играч во средниот ред Доминик Собослаи. Унгарецот исто така може да игра и на крилните позиции. Исто така Клоп „му фрлил око“ и на холандскиот играч и член на Баерн Минхен, Рајан Гравенберх.

Еден од оние кои би можеле да дојдат на „Енфилд“ е и Кефрен Турам од Ница, кој исто така игра во средниот ред. Претходно се споменуваше дека и Федерико Валверде е еден од кандидатите за средината на „црвените“.

Се вчитува...