Ливерпул прави „ремонт“ во средниот ред: По Мекалистер доаѓа и играчот на Баерн М.

Тимот на Ливерпул има намера да направи целосен ремонт во средниот ред, и да земе две квалитетни засилувања за следната сезона. Откако веќе се појави информација дека „црвените“ го договорија Мекалистер од Брајтон, сега се блиску да потпишат и играч на Баерн Минхен.

Англиските медиуми тврдат дека холандскиот интернационалец Рајан Гравенберх е блиску до потпис со тимот од Енфилд. Со Мекалистер заедно треба да го сочинуваат средниот ред на Ливерпул во следната сезона. Кеита е на излезна врата од Ливерпул, а Тиаго Алкантара се мачи со повреди во последно време. Затоа Јирген Клоп сака да го засили токму тој дел од тимот.

Гравенберх дојде во Минхен како големо засилување, но почесто е на клупата отколку во првите 11, што пред извесно време пројави незадоволство поради тоа. Холанѓанецот важи за еден од најдобрите млади играчи во средниот ред, а неговата слаба минутажа може да придонесе да го напушти Баерн пред истекот на договорот и да се пресели во друг клуб.

Се вчитува...