Клоп добива приоритетно засилување!

Ливерпул веќе подолго време не е во конкуренција за одбрана на титулата. Екипата на Клоп има огромни проблеми со повредите од почетокот на сезоната. Особено се истакнуваат оние во дефанзивата. Ван Дајк и Гомез се пред закрепнување, двоецот ја пропушти скоро целата сезона, но Јирген Клоп инсистира на доведување на врвни засилувања за овој дел од тимот.

Германскиот стручњак ги донесе Кабак и Дејвис во јануари, но следува вистинско засилување на лето во дефанзивниот ред пред голманот Алисон Бекер. Станува збор за фудбалер од Лајпциг, кој е близу до финализирање условите за премин во редовите на „црвените“.

Целта е 21-годишниот Ибрахим Конате. Стоперот на „биковите“ забележа одлична сезона, во Германија игра во тандем со Упамекан, кој од следната сезона ќе игра во дресот на Баерн Минхен. „Црвените“ се при крај од преговорите за склучување на договорот со Конате, но цената останува 40 милиони евра, со активација на клаузулата што тој ја има во договорот со Лајпциг.

Покрај стоперот, Ливерпул е на прагот да го обезбеди и голманот број два. Алисон е без конкуренција, Адријан ќе го напушти „Енфилд“ на крајот на сезоната, а младиот Келер сè уште не е на посакувано ниво. Се шпекулира дека број два ќе биде Угурчан Чакир, голманот на Трабзон. За Турчинот треба да се издвојат околу 20 милиони евра. Јасно е дека Клоп сака многу постабилна идна сезона.

Се вчитува...