Гласините за поврзување на Ливерпул со градскиот ривал, ѕвездата на Евертон, Џерад Брантвејт продолжуваат. Според „The Sun“ од црвениот дел на Мерсисајд подготвуваат понуда во износ од 63 милиони фунти плус седум милиони во вид на бонуси.
22-годишниот играч на Евертон има договор до 2027 година, а беше цел и на Манчестер Јунајтед, но се повеќе се зборува за можноста Ливерпул да го ангажира.
Ливерпул исто така во следниот период ќе треба да го купи голманот Георги Мамардашвили од Валенсија за 40 милиони фунти. Меѓутоа чуварот на мрежата веднаш ќе биде испратен назад во Валенсија како позајмен, па дури во 2025 година ќе го засили тимот од „Енфилд“.
Исто така на пат кон Ливерпул е и Адриен Рабио, со кого „црвените“ одново почнаа преговори за негов ангажман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА