Ливерпул би можел да се најде во големи проблеми, бидејќи му се заканува забрана за купување играчи, но засега само во младите категории. Како што пренесуваат медиумите од островот, клубот од „Енфилд“ се наоѓа во проблеми откако не ги почитувале правилата околу ангажирањето млади фудбалери.
Имено, Ливерпул ќе има забрана да купува играчи одреден период поради 12-годишен тинејџер кој од Стоук се пресели на „Енфилд“, но при трансферот имало нерегуларности. Ливерпул во иднина ќе треба да исплати 49.000 фунти на „грнчарите“ за талентираниот играч добие шанса со великаните.
Тимот од Мерсисајд ќе ја доживее истата судбина како и трите шпански гиганти, Барселона, Атлетико и Реал Мадрид, кои имаа ембарго дури и по два трансфер периоди. За работите да станат уште полоши, родителите на младиот фудбалер го обвинуваат клубот дека не ја исплаќале школарината и дека должат на семејството.
Во следните денови се очекува парична казна за клубот, како и споменатата забрана за купување играчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА