Ливерпул прими три гола за 14 минути и загуби од Фулам, Челси не го победи Бретфорд

Се одиграа три интересни и возбудливи натпревари во англиската Премиер-лига, во кои Ливерпул го запиша вториот пораз во сезоната, откако загуби од Фулам на „Кревејн Котиџ“ со 3-2.

Лидерот на табелата во Англија прими три гола за само 14 минути, и така по подолго време е поразен во Премиерлигата, но и натаму има 11 бодови предност пред Арсенал и се наоѓа на чекор до титулата.

Мекалистер во 14. минута го донесе Ливерпул во предност. Но, Сесењон, Ивоби и Муниз му донесоа пресврт на Фулам за само 14 минути, од 23-тата до 37-мата минута. Луис Диаз погоди во 72. минута за надеж на Ливерпул дека може да се спаси, но не успеа во тоа.

Екипата на Челси направи голем кикс во чекорот кон местата кои носат во ЛШ идната сезона, играјќи само без голови против Брентфорд.

Тотенхем со 3-1 го совлада Саутемптон. Џонсон постигна два гола, во 13. и во 42. минута од средбата. Намали Фернандес, а Тел од пенал го постави конечниот резултат.

Се вчитува...