Ливерпул продолжи максимално и на гостувањето кај Лестер

Ливерпул стигна до четвртата победа во Премиер – лигата совладувајќи го Лестер на гости со 1-2. Тимот на Јирген Клоп го задржа максималниот ефект и се наоѓа на врвот на табелата со 12 бода.

Садио Мане го отвори резултатот во десеттата минута, а пред самиот истек на првиот дел, Роберто Фирмино зголеми на 0-2.

Во вториот дел, по една грешка на голманот Алисон, на кого Ихеаначо му ја одзема топката при дриблинг, Рашид Гезал во 63.минута го постигна единствениот погодок за Лестер на овој дуел.

Се вчитува...