Во резултатски беззначаен натпревар, но секако за повеќе од престиж меѓу двата најдобри тима сезонава во Премиерлигата, Ливерпул и Арсенал одиграа 2-2 на „Енфилд роуд“ во 36. коло од англискиот шампионат.
Ливерпул имаше предност и од 2-0 по првото полувреме, но „топчиите“ успеаја да дојдат до бод.
Гакпо во 20. минута постигна гол за 1-0, а Диаз веќе во 21. минута зголеми и на 2-0.
Но, Мартинели во 47. минута намали на 2-1, а Мерино во 70. минута донесе конечни 2-2.
Ливерпул веќе од претходно убедливо си ја обезбеди шампионската титула сезонава во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

