Навивачите на Ливерпул размислуваат да организираат парада на крајот на сезоната низ улиците на градот, и така да го испратат менаџерот Јирген Клоп, кој најави дека ќе си замине од тимот по завршување на сезоната.
На најголемо ниво во клубот се рзмислува како „црвените“ да го испратат Клоп кој најави дека сезонава ќе му биде последна.
Сепак, во голема мера ќе зависи од тоа што ќе освои Клоп. Засега е сигурен само трофејот во Карабао Купот, и ретко кој прави парада за освоен еден трофеј. Меѓутоа овој пат може да се направи отстапка во чест на тренерот кој заминува, а со тимот освои се што можеше да се освои.
Ливерпул и натаму е во битка за сите трофеи, па така можеби повод за парада и нема да треба, ако освои една од овие трофеи, или барем еден пехар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА