Ливерпул ремизираше 1-1 на домашен терен против Атлетик Билбао, на мечот што беше одигран пред публика на „Енфилд“, на кој „црвените“ не успеаја да ја претворат иницијативата во конечна победа. Поголем проблем за Јирген Клоп од резулатот е повредата на зглобот што ја заработи левиот бек Робертсон, поради која шкотскиот интернационалец речиси сигурно ќе го пропушти стартот на новата сезона закажан за наредниот викенд.
Ливерпул тргна офанзивно, набрзина создаде неколку убави шанси и заслужено поведе преку Жота, кој рутински ја круниса одличната акција на Мане. Токму Мане нешто подоцна постигна и втор гол за „црвените“, кој беше неправилно поништен поради офсајд иако Сенегалецот се наоѓаше во регуларна позиција.
Атлетик Билбао израмни во второто полувреме, а најубавата шанса за втор гол ја имаше младиот Харви Елиот, чиј удар заврши во рамката од голот на шпанскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА