Ливерпул рутински си поигра со Астон Вила… (ВИДЕО)

Ливерпул без апсолутно никакви проблеми дојде до убедлива победа од 3-0 против Астон Вила во 4. коло од Премиерлигата.

„Црвените“ триумфот го најавија уште во 3. минута со прекрасниот погодок на Собослаи.

Потоа беше се полесно за составот на Јирген Клоп, па во 22. минута следеше 2-0 по неспретната реакција на гостинскиот дефанзивец Кеш кој си постигна автогол.

Во 55. минута, Мохамед Салах одлично реагирајќи на вториот дирек по корнерот од десната страна ги постави конечните 3-0.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...