Ливерпул рутински славеше над ослабениот Кристал палас (видео)

Ливерпул триумфираше со 2-0 над Кристал палас во вториот контролен меч што „црвените“ го играат како дел од турнејата на далечниот Исток. По убедливиот пораз од 4-0 од Манчестер Јунајтед, избраниците на Јирген Клоп денеска се радуваа на триумф, максимално користејќи го фактот дека Палас допатува во Сингапур со само десет сениорски фудбалери на располагање на тренерот Патрик Виеира.

Очекувано, „црвените“ беа тимот што доминираше на теренот, а до водство стигнаа во раната фаза од мечот откако Хендерсон одлично шутираше по една повратна топка од Харви Елиот, сместувајќи ја во мрежата на Палас.

Клоп на полувремето ги замени сите 11 фудбалери, а на вториот гол се чекаше нецели две минуи, колку што му требаше на Мохамед Салах со многу среќа да го измами голманот Гуаја.

Откако Виеира ги повлече сите сениори од тимот, Клоп на петнаесетина минути до крајот направи нови девет измени во составот на Ливерпул, па завршните минути не донесоа премногу возбудувања и овој меч заврши со 2-0.

Се вчитува...