Европскиот првак Ливерпул нема лесно да се откаже од ветеранот Џејмс Милнер и сака да го задржи и следната сезона. 34-годишниот играч за врска, кој може да ја пополни и секоја празнина во тимот на Јирген Клоп има договор до крајот на сезоната и веќе во јануари би можел да преговара со други клубови. Меѓутоа раководството на „црвените“ веќе подготвува понуда за продолжување на соработката за уште една сезона.
Јирген Клоп смета дека младите фудбалери можат многу да научат од Милнер, а тој се уште е одлично физички подготвен и може да одговори на барањата на Премиер – лигата.
Ливерпул одлично ја стартуваше новата сезона во англискиот шампионат и има максимални 21 бода по седум кола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА