Екипата на Ливерпул поднесе барање за одложување на натпреварот со Арсенал во рамките од полуфиналето на Карабао Купот кој треба да се игра во четврток. Причината е поради зголемен број на случаи со коронавирус.
„Црвените“ официјално поднесоа барање, а во нивните редови има голем број на суспективни случаи.
Денешниот тренинг на Ливерпул беше откажан поради коронавирусот. Ливерпул се надева дека ќе им биде излезено во пресрет и ќе биде одложен мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

