Ливерпул само до реми со Вулверхемптон, ВАР-системот го спаси и од пораз и елиминација од ФА Купот (ВИДЕО)

Ливерпул не успеа да дојде до четвртата рунда во ФА Купот откако ремизираше (2-2) со Вулверхемптон.

„Црвените“ беа огромни фаворити во пресметката со „волците“, и иако имаа предност од 2-1 гостите успеаја да си обезбедат уште еден натпревар во ФА Купот.

Гуедес најпрво во 26. минута го донесе Вулверхемптон до предност од 0-1, за да во 45. минута Нуњез израмни на 1-1.

Во второто полувреме, Салах во 52. минута донесе 2-1 за Ливерпул, а Хванг Хе-Чан во 67. минута израмни на 2-2.

Гостите во 82. минута постигнаа гол и за 2-3 преку Тоти, но ВАР-системот го спаси Ливерпул и од пораз. По реакција на ВАР погодокот беше поништен поради офсајд позиција.

Па, сега за Ливерпул останува нов натпревар против Вулверхемптон на 17. јануари, на терен на „волците“, во обидот да дојде до четвртата рунда од англискиот ФА Куп.

Се вчитува...