Ливерпул имаше водство од 0-2 на гости против Вест Бромвич Албион, но, сепак, не успеа да стигне до бод. Последнопласираниот тим на табелата во Премиер – лигата се врати во финишот и израмни на 2-2. Беше очигледно дека тимот на Јирген Клоп ги штеди силите за првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Рома што ќе се игра во вторник.
Дени Ингс во четвртата минута го доведе Ливерпул во водство, а Мохамед Салах во вториот дел зголеми на 0-2. Но, ВБА не се откажа, напротив, возврати. Ливермор во 79.минута го постигна првиот гол за домашниот тим, а Рондон израмни на 2-2 во завршницата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА