Свонси ја прекина серијата од 14 натпревари без пораз на Ливерпул во Премиер – лигата со минимални 1-0 на „Либерти“. Благодарение на голот на Алфи Мовсон, 20. пласираната екипа во англискиот шампионат успеа да го спречи вториот најефикасен тим сезонава.
Англискиот дефанзивец го постигна својот првенец сезонава во 40. минута по една катастрофална реакција на Ван Дајк при корнер за домаќините, а од мешаницата максимумот го искористи Мовсон кој го совлада Кариус. „Редси“ во продолжението континуирано притискаше за погодок, но фудбалерите на јирген Клоп не ги искористија бројните шанси кои ги создадоа.
Свонси со оваа победа се израмни со ВБА по бројот на бодови (20), но и натаму се последни на табелата во Премиер – лигата, Ливерпул по ова коло се на четвртата позиција со 47 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА